Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Македонските национални тимови во 3х3, во машка и во женска конкуренција, денеска заминуваат за Рига каде претстојниот викенд ќе земат учество на квалификациските турнири за Европскиот куп.
Двете репрезентации ќе се натпреваруваат во категоријата „Опен“.
Тимовите во двете конкуренции ќе бидат поделени во три групи. Прво рангираниот тим од секоја група ќе се квалификува за втора групна фаза. Првите два рангирани тимови од втората фаза ќе обезбедат пласман на Европскиот Куп кој ќе се одигра во Унгарија, закажан за месец септември.
Женската македонска селекција ја сочинуваат Анџелика Митрашиновиќ, Софија Лазареска, Криси Гивенс и Александра Стојановска (најдобро рангирана македонска кошаркарка во 3х3).
Машкиот национален тим е составен од Живко Манасиевски, Петар Бојовски, Блажо Митков и Ервин Цого (најдобро рангиран македонски кошаркар во 3х3). зс/