Утрински Весник
Македонија

Македонска Каменица работи на нови стратешки документи за ЛЕР и ЛЕАП

Македонска Каменица работи на нови стратешки документи за ЛЕР и ЛЕАП

Македонска Каменица, 1 јули 2019 (/) – Во Македонска Каменица започнаа активностите за изработка на Локалниот еколошки акционен план и Локален економски развој.

Членовите на работната група формирана за реализација на овие активности, на вториот работен состанок, како што информираше локалниот координатор Миран Митревски, ги разгледаа приоритетните проблеми во областа на јавната свест, земјоделието, биодиверзитетот, воздухот и водата за пиење.

– Овие приоритетни области ќе бидат правец за утврдување на насоките и заедничките вредности како темел за развој на општина Македонска Каменица. На работилницата ја започнавме и изработката на SWOT бизнис анализата, неопходна за изработка на стратегија за развој на бизнис капацитетите во општина Македонска Каменица, рече Митревски.

Во изработката на стратегијата, додава, активно ќе бидат вклучени претставници од бизнис секторот, невладините организации, членови на претставници од локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Активностите за изработка на Локалниот еколошки акционен план и Локален економски развој започнаа во месец јуни, а ќе се реализираат со времетрање до октомври 2019 година. вс/цр/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8