Утрински Весник
Спорт

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години на двомеч со врсниците од Бугарија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години на двомеч со врсниците од Бугарија

Скопје, 17 јуни 2019 (/) – Во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. во Скопје, попладнево од 18 часот и утре од 13 часот ќе се одиграат два пријателски натпревара меѓу македонската и бугарската репрезентација составени од кошаркари до 20 години.

Ова се дуели во насока на што подобро издание на „црвено-жолтите“ на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одигра во Португалија следниот месец.

– Два дена по двомечот со Бугарија КФСМ ќе организира турнир со соодветните возрасни национални селекции на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Русија (21.-23. јуни) . Следат неколку дена одмор па патување за Унгарија на пријателски двомеч, а на враќање од Унгарија младинците ќе одиграат уште два натпревара, против селекцијата на Бугарија на гостински терен, информираат од федерацијата.

На ЕП во Португалија, Македонија ќе игра во групата Д заедно со домаќинот Португалија, со Луксембург, Белгија и со Словачка. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Фофана ќе паузира шест седмици