Утрински Весник
Спорт

ЛШ: Вардар во група со Веспрем, Киелце, Монпелје, Кил…

ЛШ: Вардар во група со Веспрем, Киелце, Монпелје, Кил…

Виена, 27 јуни 2019 (/) – Европскиот ракометен шампион Вардар предмалку ги доби противниците во новата сезона од Лигата на шампионите.

Вардарци оваа година се најдоа во групата „Б“, а за ривали ги добија Веспрем, Киелце, Монпелје, Мотор Запорожје, Мешков Брест, Кил и Порто.

Најдобриот тим од групата ќе се пласира директно во четвртфиналето на најпрестижното ракометно натпреварување, додека екипите од второто до шестото место ќе играат осминафинале со останатите екипи од групите.

Ждрепка за сезоната 2019/2020:

Група А:
ПСЖ
Барселона
Флензбург
ППД Загреб
ПИК Сегед
Алборг
Елверум
Целје

Група Б:
Вардар
Веспрем
Киелце
Монпелје
Мотор Запорожје
Мешков Брест
Порто
Кил

Новата сезона во Лигата на шампионите стартува во септември.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште еден премиерлигаш добива американски газда

МЗТ Скопје преку ТФТ до петта титула од Суперкупот

Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни