Утрински Весник
Спорт

Липи: Сум ги видел Барези, Малдини и Канаваро, но никој не е како Де Лихт

Липи: Сум ги видел Барези, Малдини и Канаваро, но никој не е како Де Лихт

Торино, 29 јуни 2019 (/) – Познатиот тренер Марчело Липи е восхитен од класата на Матаис Де Лихт, кој е пред трансфер во неговиот поранешен клуб Јувентус.

– Во кариерата сум видел дефанзивци како Алесандро Неста, Франко Барези, Паоло Малдини, Чиро Ферара, Фабио Канаваро и Марко Матераци, но никогаш досега не сум забележал такви квалитети во играч на таа возраст, изјави Липи за 19-годишниот Холанѓанец.

Капитенот на Ајакс се очекува да потпише со „црно-белите“ за 67 милиони евра плус 13 милиони под форма на клаузули.

– За мене најдоброто засилување во Јуве ќе биде Де Лихт. Тој е многу цврст, импресионира со физичкиот изглед, покажува исклучителна интелигенција, технички е поткован, а и постигнува многу голови. Со него, Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи екипата би станала уште посилна и веќе ќе има можност да ја освои дури и Лигата на Шампионите, вели Италијанецот пред „Тутоспорт“.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ферстапен ја донесе конструкторската титула за Ред бул во Сузука, двоен подиум за Мекларен

Де Јонг се повреди, ќе отсуствува до ноември

(Видео) Волеј на Бруно за победа на Јунајтед кај Барнли