Утрински Весник
Спорт

Ливерпул објави разделба со 9 играчи

Ливерпул објави разделба со 9 играчи

Ливерпул, 7 јуни 2019 (/) – Раководството на Ливерпул официјално објави разделба со девет фудбалери. Пред неколку дена стана јасно дека Алберто Морено и Даниел Стариџ го напуштаат клубот откако договорите им истекуваат и нема да бидат обновени.

Младиот фудбалер на тимот Конор Рандал, кој забележа осум натпревари под водство на Јирген Клоп, како и голманот Адам Богдан, кој пак одигра шест натпревари за првиот тим на „црвените“, ќе го напуштат исто „Енфилд“ пред стартот на новата сезона во Премиер лигата.

Играчите од Академијата Хуанма, Конор Мастерсон, Глен Макаули, Кори Вилан и Бен Вилијамс исто си заминуваат.

Во исто време, клубот направи предлози за нови договори на пет адолесценти. Станува збор за Боби Адекане (десно крило), Даниел Атертон (голман), Џорџ Џонстон (централен дефанзивец), Абди Шариф (централен играч од средниот ред) и Едвард Тагсет (централен дефанзивец).вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев на селекторот Милевски му порача да молчи

Араухо оди на операција, ќе го пропушти СП

ПСЖ во јануари ќе му плати 30 милиони евра на Интер за Шкриниар