Утрински Весник
Сцена

Лејди Гага и Бредли Купер повторно заедно на филм

Лејди Гага и Бредли Купер повторно заедно на филм

Лос Анџелес, 3 јули 2019 (/) – Според „Холивуд лајф“, Лејди Гага и Бредли Купер преговараат за нова соработка на големото платно и, ако тоа успее, повторно ќе глумат двојка, но во друг жанр.

Имено, по „Ѕвездата е родена” – љубовната драма што ги спои, сега наводно, следуваат улоги во научно-фантастичен филм.

Третиот дел од Марвеловиот кино-хит „Чувари на галаксијата” е предвиден за 2021 година, а Лејди Гага можеби ќе биде нова суперхероина. Наводно, таа преговара за ликот на Лyла, во којашто пак, ликот на Бредли – Рокет Ракун ќе се вљуби.

По филмот „Ѕвездата е родена”, драмата продолжи и во вистинскиот живот… Прво Лејди Гага во февруари ја прекина свршувачката со Кристијан Карино, а пред околу еден месец и Купер се раздели со својата долгогодишна вонбрачна партнерка, манекенката Ирина Шајк. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка