Утрински Весник
Македонија

Летна ликовна школа во Струмица

Летна ликовна школа во Струмица

Струмица, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Во рамките на програмата „Библиобум“, Локалната библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица, организира летна ликовна школа за деца. Школата почна со работа на 2-ри овој месец, а ја води реномираниот уметник Митко Тошев од Струмица. Ќе трае до крајот на јули, а создадените дела од 25 учесници ќе бидат изложени на „Струмица опен фестивал“.

Програмата опфаќа осум ликовни часа, два пати неделно, а активноста се спроведува во рамки на програмата „Библиобум“, која што има за цел да им помогне на локалните библиотеки да креираат позитивни промени во локалните заедници преку дизајнирање на нови услуги и искористување на постоечките ресурси на библиотеките со цел на нивна трансформација во центри на знаење, информации и идеи.

Проектот е поддржан од „Смартап“-Лабораторија за социјални иновации и Американската Амбасада во Република Северна Македонија. рт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Негрижата на Владата носи човечки жртви – се гледаме во 14 часот пред Влада!

202 казни за брзо возење

Македонската армија е во Турција: Секој момент е драгоцен