Утрински Весник
Македонија

Летен режим за истовар на патници и паркирање автобуси во Охрид

Летен режим за истовар на патници и паркирање автобуси во Охрид

Охрид, 11 јкуни 2019 (/) – Согласно новиот режим на сообраќај и паркирање во летната сезона во Охрид, организираните групи туристи што ќе пристигнуваат со автобус во градот, симнувањето и качувањето во автобусите ќе треба да го вршат во строго одреден дел, поточно на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ до пресекот со улицата „Партизанска“, кај универзитетот „Свети Апостол Павле“.

Автобусите со новиот режим на паркирање во центарот на градот нема да имаат пристап до крижниот тек кај Градскиот плоштад, а за нив е обезбедено место за паркирање зад спортската сала „Билјанини извори“.

Според усогласените правила, сите автобуси паркирани на други локации ќе бидат казнувани согласно Законот за непрописно паркирање.

Инаку, цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а 600 денари за 24 часа. аб/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Ве повикувам наредните два викенди да се вклучите и да придонесете со вашите идеи во реализација на промените

Тупанчески: Некој функционер го искористил дискреционото право овозможувајќи предвремено полагање на правосудниот испит

(Видео) Пендаровски и Штајнмајер низ Старата чаршија