Утрински Весник
Македонија

Летен регионален универзитет во Струга

Летен регионален универзитет во Струга

Струга, 1 јули 2019 (/) – Зголемување на визибилитетот на францускиот јазик и неговото засилување во образовниот ситем на земјите од Балканот и ЈИЕ, е целта на  21-то издание на Летниот регионален универзитет во Струга.

Летниот регионален универзитет е во организација на Францускиот институт во Скопје, во соработка со Францускиoт институт во Србија и Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово и претставува значајна обука  за професорите по и на француски јазик на Балканот и во Југоисточна Европа. Целта на Летниот универзитет е земјите учеснички на обуката да создадат поврзаност и размени помеѓу професионалците од сите земји.

Настанот предвидено е да го отвори амбасадорот на Франција во нашата земја Кристијан Тимоние, а со воведно  предавање на тема „Кога книжевноста го носи вкусот на патувањата“, ќе се обрати и Жан-Лик Коаталем, новинар, историчар, писател и гостин од Франција. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8