Утрински Весник
Спорт

Лестер се засили со Перез

Лестер се засили со Перез

Лондон, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Најдобриот стрелец на Њукасл минатата сезона, Ајосе Перез потпиша за Лестер, објавија британските медиуми.

Договорот на 25-годишниот Шпанец со новиот клуб е со важност на четири години.

За трансферот Лестер плати 33,4 милиони евра.

Минатата сезона, Перез одигра 41 натпревар за Њукасл, постигна 13 гола и оставри четири асистенции.

Претходно, тој играше во својата татковина за Тенерифе. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања