Утрински Весник
Спорт

Леонардо ќе ги донесе СМС и Донарума во ПСЖ

Леонардо ќе ги донесе СМС и Донарума во ПСЖ

Парис, 15 јуни 2019 (/) – Старо-новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо следната сезона во клубот ќе донесе две засилувања од Серија А и тоа Сергеј Миленковиќ-Савиќ – СМС од Лацио и Џанлуиџи Донарума од Милан.

„Ла Стампа“ тврди дека поради финансиската нестабилност Милан е подготвен да го продаде својот голман за околу 60 милиони евра, за кого е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но добриот однос на Бразилецот со „Росоњерите“ им дава поголеми шанси на „принцовите“.

СМС, пак, се поврзуваше со Интер, Милано, Јувентус и други големи екипи, но „Канал +“ тврди дека ПСЖ е подготвен за него да му плати на Лацио 75 милиони евра, а на играчот за врска му обезбедува петгодишен договор со вкупна заработка од 30 милиони евра.

Инаку, Леонардо летоска го напушти Милан и се врати во Париз, каде го чека многу работа во обид на парижаните да им донесе дополнителен квалитет. ем/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аматерскиот бокс ги „врати“ Русите и Белорусите

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“