Утрински Весник
Спорт

Леонардо, нов спортски директор на ПСЖ

Леонардо, нов спортски директор на ПСЖ

Париз, 14 јуни 2019 (/) – Поранешниот спортски директор на Милан, бразилецот Леонардо, повторно ќе ја извршува истата функција но овој пат во ПСЖ.

Веста ја потврди самиот француски шампион кој овој пат наместо фудбалери како засилување за следната сезона го најави новиот спортски директор Леонардо, кој ќе го замени Антеро Енрике кој денеска ја напушти таа функција.

Бразилецот се води како многу успешен спортски директор, кој има слух за да препознае вистински фудбалер, особено тие од Јужна Америка, поточно неговата татковина Бразил.

Имено, за Леонардо ова е враќање во стариот клуб, ако се знае дека истата функција ја вршеше во Паркот на принцевите две години, од 2011 до 2013 година, период во кој кај францускиот шампион пристигнаа големи имиња како Верати, Ибрахимовиќ, Тијаго Силва, итн. ем/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица