Утрински Весник
Спорт

Ленард на финални преговори со Торонто

Лејкерс тргнуваат по Ленард

Торонто, 28 јуни 2019 (/) – Кошаркарот на Торонто репторс, Каваи Леонард, ќе одржи финални преговори околу неговата иднина во НБА-шампионот.

Ленард стана слободен агент по завршувањето на сезоната 2018/19 и за него интерес покажуваат неколку екипи.

Тој беше најзаслужен за првиот историски трофеј на канадаскиот тим и го доби признанието МВП на финалната серија.

Од Торонто се надеваат дека ќе успеат да го убедат Леонард да потпише нов договор. Претседателот на клубот Масаи Уџири, го нарече играчот вистинска ѕвезда.

За потсетување, Леонард се преселил во Торонто пред една година од Сан Антонио. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“

Куп: Струга ТЛ го елиминира Работнички, убедливи беа Шкендија, Вардар, Шкупи и Академија Пандев