Утрински Весник
Спорт

Легендата Робсон: Погба мора да се дистанцира од шпекулациите и да се посвети на Јунајтед

Реал Мадрид не е прв избор на Погба

Манчестер, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Фудбалерот Пол Погба треба да се дистанцира од шпекулациите за неговото заминување и да се фокусира на предсезонските подготовки на Манчестер Јунајтед, изјави клупската легенда Брајан Робсон.

Тој зборуваше за „Скај Спортс“ по интервјуто на Мино Рајола, кој изјави за „Тајмс“ дека 26-годишниот фудбалер сака трансфер.

– Медиумите шпекулираат често за иднината на Пол. Тој е фудбалер од висока класа. Кога играш за Јунајтед, ти имаш договор со клубот и треба да даваш се за него, за тимот и за навивачите. Треба да се подготвиш на најдобар начин, а од тренизите гледам дека Пол го прави токму тоа. Тој мора да го прави она, што се бара од него, рече тој.

Погба се приклучи на Јунајтед со рекорден трансфер од Јувентус во 2016 година.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аргентина се „крена“ на првото место, Полска пред Мексико поради гол-разлика!

Канело Алварез му се извини на Меси и на Аргентинците

Во Италија налози за апсење на Алегри и Паратичи?