Утрински Весник
Спорт

Леброн го отстапи бр.23 на Ентони Дејвис

Леброн го отстапи бр.23 на Ентони Дејвис

Лос Анџелес, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс го исполни ветувањето и се откажа од бр.23 во корист на новото засилување на тимот од Калифорнија – Ентони Дејвис.

„Кралот“ закачи слика во Инстаграм, на која позира заедно со Дејвис, а двајцата држат дрес на „езерџиите“ со името на поранешната ѕвезда на Њу Орлеанс и досегашниот број на Леброн.

„Официјално „езерџија“, гласи коментарот под сликата која веќе има повеќе од 2 милиони лајкови.

Легендата Ален Ајверсон го одобри потегот, а голем број други суперѕвезди од различни сфери исто зедоа позитивен став – Џејми Фокс, Снуп Дог, како и официјалниот профил на Лејкерс.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Атлетико Мадрид оди на продажба

Пирло пред отказ во Караѓумрук

Жозе Мурињо и Рома ќе ја продолжат љубовта до 2026 година