Утрински Весник
Спорт

Ла Лига ја претстави топката за новата сезона

Ла Лига ја претстави топката за новата сезона

Мадрид, 28 јуни 2019 (/) – Прес-службата на шпанската Примера на Твитер направи презентација на топката со која ќе се играат натпреварите во сезоната 2019/20.

Се работи за топка од брендот „ПУМА“ со бела боја и зелени акценти, а логото на спортската компанија ќе биде во црвена боја.

-На техничко ниво, новата ПУМА топка вклучува нови карактеристики кои ќе ја подобрат аеродинамиката и ќе ја зголемат отпорноста на абразија и абење, обезбедувајќи подолга издржливост и перформанси. Структурата на овој напреден дизајн е слична на онаа на топчето за голф за да се обезбеди прав пат и подобра конзистентност во ударот, соопштија од Ла Лига.

Новата сезона во Ла Лига започнува на 16 август. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица