Утрински Весник
Македонија

Лајчак: Отворањето на преговорите за Северна Македонија би бил стратешки важен потег на ЕУ

Лајчак: Отворањето на преговорите за Северна Македонија би бил стратешки важен потег на ЕУ

Скопје, 7 јуни 2019 (/) – Словачка силно го поддржува проширувањето на ЕУ и отворањето на преговорите за Северна Македонија, рече словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак на средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Братислава.

Лајчак истакнадека Словачка ќе стори сè да ја прошири пораката дека отворањето на преговорите со нашата земја би бил стратешки исправен потег на ЕУ.

Словачкиот министер со министерката Шекеринска ги понуди автентичното интеграцискo искуство на земјата, преку експертска помош во сите области во текот на интеграциски процес на Северна Македонија во ЕУ.

Министерката Шекеринска се заблагодари за поддршката во овој, како што рече, важен момент за државата, кога од клучно значење е Европскиот совет да донесе одлука за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Шекеринска и Лајчак имаа билатерална средба за време на одржувањето на GLOBSEC форумот во Братислава, на кој се дискутираше за иднината на ЕУ и НАТО. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“