Утрински Весник
Спорт

Лацио одби 80 милиони евра од Јунајтед за СМС

ПСЖ подготвува понуда за Милинковиќ-Савиќ, го вклучува и Паредес во зделката

Рим, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Раководството на Лацио ја отфрли понудата на Манчестер Јунајтед од 80 милиони долари за српскиот репрезентатвец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, објави „Скај Спорт Италија“.

Римјаните сакаат да добијат 100 милиони евра за правата на 24-годишниот играч од средниот ред. За него има интерес и од Пари Сен Жермен, Јувентус и Интер.

Милинковиќ-Савиќ одигра просечна последна сезона за Лацио со 7 гола и 3 асистенции во 41 натпревари, но имаше решителен придонес за освојувањето на Купот на Италија, откако го отвори резултатот во 82-та минута на финалето против Аталанта при успехот со 2:0 .

Минатиот октомври тој го продолжи со договорот со Римјаните до летото 2023 година.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања