Утрински Весник
Спорт

Кулибали не ја отфрла можноста да остане во Наполи

Кулибали не ја отфрла можноста да остане во Наполи

Неапол, 24 јуни 2019 (/) – Фудбалерот на Наполи, Калида Кулибали рече дека постојат шанси тој да остане во Неапол и следната сезона.

  • Не знам дали ќе останам во Наполи. Постојат шанси за тоа. Но, јас треба да играм на Африканското првенство. Сега сите зборуваат за мене, но во овој момент лично сум подготвен да зборувам само за репрезентацијата на Сенегал, со која сакам да постигнам нешто сериозно. Затоа, не сум подготвен да зборувам за мојата клупска иднина, изјави Кулибали.

Тој минатата сезона настапи на 48 натпревари за Наполи, постигна два гола и имаше една асистенција.

На порталот „transfermarkt.de“ неговата вредност се проценува на 75 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стерлинг одлета за Англија поради вооружен грабеж во неговиот дом

Дејвис уфрли 55 поени во триумфот на ЛА Лејкерс против Вашингтон

МЗТ падна во неизвесна завршница – Реј ја предводеше Игокеа до победата