Утрински Весник
Спорт

Кузмиќ и понатаму е во вештачка кома

Кузмиќ и понатаму е во вештачка кома

Белград, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Состојбата на Огњен Кузмич е стабилна, но се уште доста сериозна, соопштија од Црвена звезда.

Поранешниот играч на Реал (Мадрид) се уште е во вештачка кома, но повторните истражувања покажале дека нема компликации како последица на повредите на главата, кои Кузмиќ ги доби во сообраќајна несреќа.

Шампионот на НБА со Голден Стејт настрада во неделата, а веднаш по случката беше транспортиран итно со хеликоптер од Босна и Херцеговина до српската престолнина Белград.

Дваесет и девет-годишниот репрезентативец на Србија потпиша договор со Црвена звезда во почетокот на месец јули, откако во претходните две сезони беше дел од составот на „кралевите“. 214-сантиметри високиот центар има титула од Евролигата со Реал, а со репрезентацијата на Србија има сребрен медал од ЕП 2017.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поранешниот европски и светски првак умира од рак: Најтешко беше да им објаснам на децата

Алегри: Вечерва е најважниот меч за Јувентус во ЛШ

Челси на лето тргнува по Рафаел Леао