Утрински Весник
Спорт

Куартараро со нов рекорд и третa пол-позиција во МотоГП

Куартараро со нов рекорд и третa пол-позиција во МотоГП

Асен, 29 јуни 2019 (/) – Пилотот на Мовистар Јамаха, Фабио Куартараро ја освои третата пол-позиција во дебитантската сезона во МотоГП со рекордно брза обиколка на холандската патеката „Асен“.

Французинот стана и најмладиот пилот со две последователни први места во квалификациите, а утре има можност да стане и најмладиот пилот со два последователни подиуми во историјата на кралската класа.

Од втората позиција ќе стартува пилотот на фабричкиот тим на Јамаха, Маверик Вињалес додека клубскиот колега Валентино Роси требаше да се помири со едвај 14-та стартна позиција.

За третото место се избори талентот на Сузуки, Aлекс Ринс, кој триумфираше во САД, но за прв пат во 2019 година се квалификува во првиот ред.

Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез со Хонда ќе стартува четврти, откако за прв пат во сезоната не успеа да си обезбеди место во топ 3.

Друштво во вториот ред ќе му прават вториот пилот на Сузуки, Жоан Мир и сателитскиот пилот на Хонда – Кал Крачлоу.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Американски бизнисмен го купува Евертон

Реал Мадрид има проектиран план: За две години Ерлинг Халанд доаѓа на „Бернабеу“

КК Пелистер го загуби финалето во Бугарија