Утрински Весник
Македонија

Крушево и Демир Хисар добија свои регистарски ознаки на возилата

Крушево и Демир Хисар добија свои регистарски ознаки на возилата

Скопје, 14 јуни 2019 (/) – Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општините Демир Хисар и Крушево и го одобри барањето за добивање на сопствени регистарски ознаки на возилата. За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е KS.

Од МВР информираат дека е донесена одлука за изменување на правилникот за регистрациските подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали

Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ

Владата ја ограничи маржата на млечните производи