Утрински Весник
Македонија

Крстосницата кај Усје утре затворена за сообраќај поради протест

Крстосницата кај Усје утре затворена за сообраќај поради протест

Скопје, 24 јуни 2019 (/) – Крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ со „Србија“  утре од 7 часот ќе биде затворен за собраќај поради протест.

Како што соопшти МВР, поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница, сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада“, булеварот „Трета Македонска бригада“ и улицата “Народни херои“.

Од МВР апелираат сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. бк/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран