Утрински Весник
Македонија

Кривопаланечки наставници учеа за Европскиот образовен систем во Полска

Кривопаланечки наставници учеа за Европскиот образовен систем во Полска

Крива Паланка, 10 јуни 2019 ( /) – Тројца наставници од Кривопаланечкото основно училиште ”Јоаким Крчовски” во рамки на проектот „Иднина” од Еразмус + програмата, остварија посета на основно училиште „Број 5” од Шедлице, Полска. Посетата се реализираше во периодот од 20 до 24 мај годинава.

-Имавме можност да се запознаеме со образовниот процес во Полска и да присуствуваме на обука за кодирање „Scratch”, која ја одржа португалскиот експерт Давид Коста.  Учениците ни го претстсвија нивното училиште, ни претставија експерименти кои ги учат на час по хемија,  приредија академија во чест на нивниот патрон и мал концерт за да ни ги покажат своите музички способности.
Наставниците од училиштата партнери во проектот посетија многу интересни места, замоци, споменици како и музејот со најпознатата слика во Шедлице насликана од познатиот сликар Ел Греко. Го посетивме и главниот град на Полска,  Варшава каде се запознавме со полската историја и култура, информира Тања Димитровска – Шкрбиќ, координатор на проектот од ООУ „Јоаким Крчовски”, Крива Паланка.

Истакна дека и градоначалникот на Шедлице организирал прием за нив, на кој се разговарало за можноста за идна соработка.

-Домаќините успеаа да ни ја претстават својата традиција, култура, историја и образование во текот на нашата посета и да направат да се чуствуваме пријатно и добредојдено. Останува ние да се подготвуваме да бидеме добри домаќини какви што беа тие, изјави Димитровска – Шкрбиќ. ид/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер