Утрински Весник
Спорт

Кривопаланечките кошаркарки до 16 години денес ќе се борат за бронза

Кривопаланечките кошаркарки до 16 години денес ќе се борат за бронза

Крива Паланка, 12 јуни 2019 (/) – Кошаркарките од КК “Крива Паланка” до шеснаесет години по поразот во полуфиналниот натпревар вчера, против ЖКК „Бадел 1862“, Скопје на вториот ден од државниот финален турнир во нивната конкуренција ќе играат во мечот за трето место.

КК „Крива Паланка“ вчера и денес е домаќин на турнирот што се одигрува  во спортска сала “Бранители 2001” за најдобрите четири екипи во женска конкуренција  за девојчиња родени 2003/04 година: ЖКК “Струга 2009”, Струга, КК “Крива Паланка”, ЖКК “Бадел 1862” Скопје и ЖКК “Гостивар” од Гостивар.

Во првиот полуфинален натпревар вчера Паланчанки беа поразени од Скопјанки, додека Стружанките беа подобри од врсничките од Гостивар.

Денес во натпреварот за трето место, закажан за 17 часот ќе се надигруваат кошаркарски клуб “Крива Паланка” и ЖКК „Гостивар“, а во финалето за шампионската титула ќе се сретнат ЖКК „Струга 2009“ и ЖКК „Бадел 1862“ и ќе се одигра со почеток во 19 часот.

Од кошаркарскиот клуб Крива Паланка ги поканија сите граѓани, сите љубители на спортот да присуствуваат на натпреварите и да ги бодрат кошаркарките. зс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната