Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против скопјанец кај кого е пронајден хероин

Кривична пријава против скопјанец кај кого е пронајден хероин

Скопје, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Против 47-годишен скопјанец е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекузори“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во вторникот со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом на улицата „Јајце“, каде се пронајдени хероин, мешавина од земја и хеорин, мешавина од парацетамол и кофеин и дигитална вага со остатоци од хероин.

Четириесет и седумгодишниот С.К. е приведен и задржан во полициската станица Бит Пазар. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална