Утрински Весник
Спорт

Крива Паланка домаќин на финалниот турнир за кошаркарки до 16 години

Крива Паланка домаќин на финалниот турнир за кошаркарки до 16 години

Крива Паланка, 10 јуни 2019 (/) – Кошаркарскиот клуб Крива Паланка е домаќин на државниот финален турнир за девојки до 16 години што ќе се одржи на 11 и 12 Јуни во спортска сала “Бранители 2001”.

Најдобрите четири екипи кои се пласираа на финалниот турнир се : ЖКК “Струга 2009”, Струга, домаќинот кошаркарски клуб “Крива Паланка”, ЖКК “Бадел 1862” Скопје и ЖКК “Гостивар” од Гостивар.

Во првиот полуфинален натпревар кој ќе започне во 17 часот,утре, ќе се надигруваат Крива паланка и Бадел, додека во вториот полуфинален натпревар ќе разигруваат Струга и Гостивар,а натпреварот е закажан за 19 часот.

Во среда, 12 јуни, ќе се одиграат натпреварите за трето место, во 17 часот и финалето, 19 часот.

Од кошаркарскиот клуб Крива Паланка ги поканија сите граѓани, сите љубители на спортот да присуствуваат на натпреварите и да ги поддржат младите кошаркарски таленти од градот,кои , како што истакнаа, веќе се препознаваат од страна на одговорните лица во националните селекции. ид/зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната