Утрински Весник
Македонија

Крводатарителни акции на две места во Тетовско неделава

Крводатарителни акции на две места во Тетовско неделава

Тетово, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Општинската организација Тетово при Црвениот крст неделава организира две крводарителни акции во Тетовско. Акции се организираат во соработка со Институт за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија – Центар за трансфузиона медицина Тетово.

– Во просториите на Општина Желино на ден 16 јули 2019 година, вторник, ќе се организира вонредна граѓанска акција на крводарување со почеток од 10:00 до 14:00 часот. Во просториите на Служба за Трансфузиона Медицина во Тетово на ден 17 јули 2019 година, среда, ќе се организира вонредна граѓанска акција на крводарување со почеток од 08:00 до 18:00 часот, соопшти општинската организација на Црвениот крст Тетово.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран