Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција во Кавадарци, припадници на МВР даруваа крв

Крводарителска акција во Кавадарци, припадници на МВР даруваа крв

Кавадарци, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Припадници на МВР денеска во просториите на Регионалниот центар за гранични работи „Југ” Кавадарци даруваа крв во рамки на акција, што ја организираше Општинската организација на Црвениот крст, МВР и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

– Според годишниот план за крводарителство, Црвениот крст Кавадарци на ниво на двете општини Кавадарци и Росоман, треба да реализира 1.184 крвни единици или околу три отсто  од вкупниот број жители во двете општини. Заклучно со јуни како пресек за половина година, предвидени се да се реализираат околу 600 крвни единици, а реализирани се над 800 крвни единици, што значи бројката е натфрлена со околу 200 повеќе. Голем респект за нашите крводарители, рече потпретседателот на Црвениот крст, Димитар Каракулев.

Граѓаните од Тиквешијата, нагласи, секогаш покажуваат високо ниво на хуманост кога е во прашање крводарителството.

Следната крводарителска акција ќе се одржи на 23 јули во просториите на Црвениот крст Кавадарци. Станува збор за вонредна акција поради зголемената потреба од крв. свд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом