Утрински Весник
Македонија

Крводарителска акција во Дебар, собрани 30 крвни единици

Крводарителска акција во Дебар, собрани 30 крвни единици

Дебар, 25 јуни 2019 (/) – Општинската организација на Црвен крст на Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска ја спроведе третата крводарителска акција во оваа година.

Екипата на Институтот овој пат беше сместена во просториите на Општата болница.

Според Исни Телќиу секретар на дебарскиот Црвен крст и при оваа акција дебрани ја покажале нивната хуманост по која се познати, кога станува збор за доброволното крводарување.

– И денешната акција може слободно да ја вброиме во низата успешни крводарителски акции. За време на неколку часовниот престој на екипата, за да даруваат крв се пријавија над 40 лица, а својата драгоцена течност ја даруваа 30, претежно млади. Сакам да го нагласам фактот, кој посебно радува, а тоа е што младите стануват се посвесни за значењето на течноста што живот значи, изјави Телќиу.

Нагласува дека споредено со минатата, оваа година планирани се помал број крводарителни акции, бидејќи има доволна резерва на крв.

Телќиу додава дека во изминатиот период од годинава, влучително денес, се собрани 298 крвни единици, што е околу 60 отсто од годишниот план.

Дебар со години е меѓу најхуманите општини на полето на крворадувањето, бидејќи годишниот план не само што целосно се исполнува, туку се прибираат во просек и до 20 отсто повеќе крвни едници од планираните. вт/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието