Утрински Весник
Македонија

Коњи на патот пред Глишиќ, несовесни поединци ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

Коњи на патот пред Глишиќ, несовесни поединци ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

Кавадарци, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Коњи на патот пред Глишиќ се регистрирани утринава, животни на пат не се ретка слика во Тиквешко. Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални дејности при кавадаречката локална самоуправа, потврдува за Утрински Весник дека несовесни поединци ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.

– При вакви случаи се пронаоѓаат сопствениците на животните. Тие добиваат опомена за да внимаваат на нив, се со цел да нема општа опасност за учесниците во сообраќајот. Иако казните се најнепопуларна мерка, ако опомените не вродат со плод, можно е да се изрече и глоба, нагласи инспекторот. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом