Утрински Весник
Македонија

Кошаркарките од Крива Паланка на ФИБА – камп на Маврово

Кошаркарките од Крива Паланка на ФИБА – камп на Маврово

Крива Паланка, 14 јуни 2019 (/) – Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ по успешната сезона во младинските категории при Кошаркарската федерација и освоената титула државен првак во женска конкуренција до 14 години и третото место во категоријата до 16 години, соопшти дека повеќе кошаркарки се повикани на националниот ФИБА – камп 2019 во Маврово.

Кампот е во организација на Кошаркарската федерација, ќе се реализира од понеделник, 17 јуни до 23 јуни и е дел од проектот „Заедно до У16″ во партнерство со ФИБА и Турција, Романија, Бугарија, Косово.

Проектот има за цел во периодот од први јуни 2018 година до 31 мај 2020 година да им даде шанса за надградба на перспективни кошаркари и кошаркарки низ два годишни национални кампови и пет меѓународни турнири да се изградат на спортски и социјален план до своја 16-годишна возраст.

– Минатата година со отпочнување на проектот беа вклучени три наши кошаркарки, додека по напорната работа и докажаниот квалитет во првенствата во кои настапивме сезонава, 2018/2019, годинава се повикани двојно повеќе наши девојки, родени 2004 и 2005 година, што за нас е признание за вложениот труд и потврда дека упорноста и посветеноста даваат резултати, изјави претседателот на КК „Крива Паланка” и тренер, Ведран Белешковски.

Вториот годишен камп ќе се одржи во Маврово од 17 до 23 јуни во хотелот „Спорт“.
На кампот ќе работат 12 македонски тренери под менторство на тренер од Европа со искуство во соодветните младински карегории, делегиран од страна на ФИБА. ид/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран