Утрински Весник
Спорт

Кочов и следната сезона ќе го предводи МЗТ Скопје

Кочов и следната сезона ќе го предводи МЗТ Скопје

Скопје, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов и следната сезона ќе седи на клупата на тимот од Аеродром. За 34-годишниот тренер ова ќе биде втора сезона која ја почнува како предводник на „металците“ со кои ја освои титулата во домашниот шампионат.

Инаку Кочов е шестиот стратег кој успеал да го донесе трофејот во „Јане Сандански“ (по Тодоров, Пипан, Мартич, Јончевски и Назор) и само четвртиот тренер во Македонија кој може да се пофали со триумф во домашното првенство и како играч и како предводник од клупата.

– Останувањето на Кочов е потврда на заложбата на клубот за продолжување на стратегијата за форсирање на млади македонски кошаркари, кои и во следниот период ќе добијат шанса за промоција и за напредување, соопштија од тимот. вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица