Утрински Весник
Македонија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да одговори каква е врската меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Климент 

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да одговори каква е врската меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Климент 

Скопје, 1 јули 2019 

Откако издиша лажната вест смислена од кујните на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и се покажа дека нема никаков скандал со местење тендер се отворија низа прашања на кои токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да одговорат:

Каква е врската меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Климент – дали овој разговор се објавува за да ги покрие криминалите на Јанушев и Јанакиески?

Дали некој намерно не се потпишувал договорот, свесно загрозувајќи ја безбедноста, само во обид да предизвика проблем на сегашната Влада?

Зошто три дена после состанокот од кој потекнува и снимениот разговор Климент Чепуњовски заминал на пат за Русија?

Овие и други прашања ќе треба засегнатите да одговорат пред јавноста но и пред судските органи.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е спремна да шурува со луѓе кои биле подготвени да ја загрозат безбедноста на граѓаните. 

Со својот однос ВМРО-ДПМНЕ покажа дека освен лажни вести за друго и не ја бидува, дека воопшто не ги познава процедурите.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека Леонардо е сериозна државна компанија од Италија и дека целата процедура била под надзор на ЕБОР.

Сите тендерски постапки завршиле во 2016 година, но некој одлучил до 2018 година да не го потпишува договорот и со тоа да ја загрози безбедноста на македонското небо, секако и безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија.

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

___________________________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра