Утрински Весник
Македонија

Концерт на „Трио џентлмен” во Крива Паланка

Концерт на „Трио џентлмен” во Крива Паланка

Крива Паланка, 20 јуни 2019 (/) – Во дворот на црквата „Св.Великомаченик Димитриј“ во Крива Паланка синоќа се одржа целовечерен концерт на „Трио џентлмен”,

Кривопаланчани имаа прилика да уживаат во изведбата на трите оперски професионалци,тенорите Дарко Нешовски и Дејан Стоев и баритонот Кристијан Антовски.

Настанот е во организација на општина Крива Паланка во соработка со Центарот за аудиовизуелни уметности „Каартс” Крива Паланка, а е поддржан од Министерството за култура.

– Општина Крива Паланка се погрижи и оваа година кривопаланечката јавност да има можност да проследи разновидна и богата културна програма со бројни настани од книжевната, музичко-сценската, ликовната и театарската уметност. Овој настан е само еден од низата, кој покрај традиционалните манифестации ќе ја збогатува културната понуда годинава, информира службата за комуникација со јавност при општината.

На репертоарот на „Трио џентлмен” освен класични композиции се најдоа и светски поп- хитови изведени во класичен стил, канцони, шпански композиции, дел од македонското творештво, со што придонесоа Кривопаланечката јавност да ужива во еден несекојдневен и уникатен настап и стил на музичко претставување. ид/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра