Утрински Весник
Македонија

Конференција посветена на АКМИС системот

Конференција посветена на АКМИС системот

Скопје, 17 јуни 2019 (/) – Министерството за правда со поддршка од Американската амбасада денеска во Скопје организира конференција на тема „Право на независен и непристрасен суд – Автоматска распределба на предметите – АКМИС систем, Закон за управување и движење на предметите“.

На конференцијата ќе биде презентирана анализата и заклучните согледувања од надзорот над функционалноста на АКМИС системот во судовите, а ќе се разговара и за предизвиците кои се однесуваат на функционалноста на овој систем.

Најавено е присуство на министерката за правда Рената Дескоска. бак/мч/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8