Утрински Весник
Македонија

Конференција за унапредување на превентивната здравствена заштита на жените, мајките и децата Роми

Конференција за унапредување на превентивната здравствена заштита на жените, мајките и децата Роми

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Конференција „Како до унапредување на превентивната здравствена заштита за жените, мајките и децата од ромската заедницата?“ ќе се одржи денеска во Скопје од претставници на ромските заедници од Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-„ЕСЕ“, Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе, НВО КХАМ и Иницијативa за развој и инклузија на заедниците – ИРИЗ.

– Ромите во Северна Македонија се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население. Новороденечката смртност кај Ромите е за 1,5 пати повисока за разлика од македонското население во 2017 година. Во истата година речиси 50 отсто од смртните случаи кај Ромите се случиле пред 65-та година од животот, за разлика од 23 посто кај останатото население, се наведува во соопштението од Здружението „ЕСЕ“.

Оттаму велат дека превентивната здравствена заштита по однос на репродуктивното здравје, како и здравјето на мајките и децата е клучна во овозможувањето здрав почеток на животот и со тоа подобрување на здравјето на целото население. Како клучни детектирани проблеми се посочуваат недоволниот опфат со посети од патронажни сестри, здравствена едукација, систематски прегледи за децата, како и недоволниот опфат со Програмата за скрининг на рак на грлото на матката и наплаќање на услугите од страна на матичните гинеколози. мс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава