Утрински Весник
Македонија

Конференција за размена на добри практики за рамномерен регионален развој

Конференција за размена на добри практики за рамномерен регионален развој

Велес, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска во Велес ќе присуствува на отворањето на Меѓународната Конференција за размена на добри практики во областа на рамномерен регионален развој на Вардарски плански регион.

Конференцијата се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“,  финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа ма конференцијата ќе присуствуваат Аце Коцевски, претседател на Советот на Вардарскиот плански региони и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат