Утрински Весник
Македонија

Конференција за донирање вишоци храна

Конференција за донирање вишоци храна

Скопје, 19 јуни 2019 (/) – Најголемите 50 компании  денеска ќе присуствуваат на конференција за донирање вишок храна, што е во организација на „Сите сити“, и ќе можат да ги слушнат предлозите и општествените придобивки од донирањето храна за целокупното општество.

На конференцијата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и на претставници на бизнис-секторот.

Настанот ќе го отвори Блаже Јосифовски, претседател на „Сите сити“, кој ќе даде видување за состојбата во државата и за тоа како може големите компании да помогнат во намалување на проблемот со гладот и преголемото фрлање храна.

Конференцијата ќе се одржи во хотелот „Мериот“ кој, како што информираат организаторите, како општествено одговорна компанија секогаш ги поддржува настаните од хуманитарен карактер и овој пат со овозможување бесплатна конференциска сала, техничка опрема и кафе-пауза. бк/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава