Утрински Весник
Македонија

Конститутивна седница на Комисијата за помилување на претседателот

Конститутивна седница на Комисијата за помилување на претседателот

Скопје, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за помилување, работно тело на кое присуствуваше претседателот Стево Пендаровски.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, претседател на Комисијата е поранешниот судија во Врховниот суд Сабит Кранли, а членови се јавниот обвинител Љубомир Јовески, државниот правобранител Фехми Стафа, претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски, универзитетскиот професор Темелко Ристевски, поранешниот судија во Врховниот суд Сафет Алиу, судијата во пензија Божин Аврамовски, лекарите Ерол Рушид и Зора Митиќ, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми.

Претседателот Пендаровски, посакувајќи успешна работа на комисијата, рече дека при изборот на членовите на комисијата се водел од нивните исклучителни биографии и нивното богато професионално искуство, соопшти Кабинетот на преседателот. ев/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8