Утрински Весник
Македонија

Конгрес на педијатри во Струмица

Конгрес на педијатри во Струмица

Скопје, 25 јуни 2019 (/) – Седмиот конгрес на педијатри со меѓународно учество почнува денеска во Струмица.

Конгресот ќе трае до 28 јуни и има за цел да поттикне размена на знаења и искуства меѓу стручниот кадар од државава и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи, информираат од Здружението на педијатри.

Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми на конгресот ќе бидат: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија.

Стручни излагања ќе имаат еминентни предавачи од државава и од странство кои ќе презентираат новини во педијатријата, што ќе дадат голема важност на овој меѓународен педијатриски собир и ќе користат за натамошно унапредување на науката во педијатриската медицина. рп/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра