Утрински Весник
Македонија

„Комунална хигиена“ ги расчисти дивите депонии околу зградата на МРТ

„Комунална хигиена“ ги расчисти дивите депонии околу зградата на МРТ

Скопје, 19 јуни 2019 (/)ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги чистеше депониите околу реонот на Македонската радио-телевизија, пасошкото одделение на МВР, потегот кон МКЦ и МАНУ и кејот Димитар Влахов.

Од претпријатијето инфомрираат дека дваесет работници од третата смена во целост ги отстранија дивите депонии што континуирано се создаваат во овој дел од градот, а извршено е и машинско миење со автоцистерна.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните и институциите совесно и одговорно да постапуваат со својот отпад, затоа што без нивната поддршка не може да се сочуваат хигиената и чистотата на нашиот град.

Секое исфрлање на отпадот на јавни површини, посочуваат, претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува животната околина.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

108 санкционирани возачи во Скопје

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје