Утрински Весник
Македонија

Комисијата за транспорт предлага на пленарна седница да се разговара за состојбите во железничкиот сообраќај

Комисијата за транспорт предлага на пленарна седница да се разговара за состојбите во железничкиот сообраќај

Скопје, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Информацијата за безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај денеска не беше разгледана на собраниската Комисија за транспорт и врски. Поради сериозноста на проблемот, таа ќе треба да биде разгледана на пленарна седница.

Претседателката на Комисијата Лилјана Затуровска на почетокот на денешната седница рече дека поради сериозноста на проблемот оваа информација треба да биде разгледана пред сите пратеници на пленарна седница. Затоа му се предлага на Собранието да биде ставена информацијата на следната пленарна седница.

Барањето да се разговара за состојбите во патниот и железничкиот сообраќај дојде од пратениците од опозицијата која бара информации од надлежните институции по излетувањето на дел од вагоните на товарниот воз во близина на кумановското село Черкезе. бак/сп/  

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом