Утрински Весник
Македонија

Кичевската библиотека доби стручна помош од колегите од Тетово

Кичевската библиотека доби стручна помош од колегите од Тетово

Кичево, 14 јуни 2019 (/) – Во посета на библиотеката „Кочо Рацин” во Кичево престојуваше персоналот на истоимената библиотека од Тетово за да им помогне за ставање во употреба на електонската платформа „Кобис“ на своите кичевски колеги.

– Имавме многу пријатна посета од персоналот на библиотеката во Тетово, кој го носи името на писателот Кочо Рацин исто како и нашата библиотека, посета што се совпаѓа со денот кога се слави патронатот на двете институции. Би сакале да и се заблагодариме на директорката Нјомза Имери Исмаили за оваа посета, како и за безрезервната помош што ни ја дадоа за ставање во употреба на електронската платформа Кобис. Со тоа нашата библиотека стана дел од големото семејство на библиотеки што им овозможува на читателите пристап до книжниот фонд не само за нашата библиотека, но исто така и за сите библиотеки во земјата, но и во регионот,  рече Мазлам Османи, дитекторот на НУДК „Кочо Рацин“ во чиј склоп работи библиотеката во Кичево. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“