Утрински Весник
Македонија

Кичево домаќин на Меѓународен фолклорен фестивал 

Кичево домаќин на Меѓународен фолклорен фестивал 

Кичево, 27 јуни 2019 (/) – Од 28-ми до 30-ти јуни во Кичево ќе се одржи 12-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Д-р. Владимир Полежиноски“.
Фестивалот е во организација на Центарот за култура и финансиски подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Општина Кичево и НУЦК „Кочо Рацин “ – Кичево.
Во рамките на трите фестивалски денови на платото пред Центарот за култура ќе продефилираат десетина фолклорни ансамбли и фолклорни групи од Косово, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Северна Македонија.
На годинешното издание на Меѓународниот фолклорен фестивал, нашата земја ќе ја претставуваат ансамблот „Каршиака“ од Скопје, КУД „Аќиф Јахја“ од Тетово, КУД „Џеладин Зеќири“ од Тетово, ансамблот „Лилјан“ од Скопје и локалните КУД „Бисер“, КУД „Рацин“ и КУД „Младост“ од Кичево.
Целокупната програма ќе се одвива на платото пред Центарот за култура со почеток во 21 часот.
– Покрај задолжителните настапи, гостите на фестивалот ќе ги посетат манастирските комплекси во кичевско, „Света Пречиста Богородица“ и „Свети Ѓорѓија“, а ќе остварат и еднодневна посета на Охрид објасни Маја Николовска Силјаноска од Центарот за култура. рз/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали

Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ