Утрински Весник
Спорт

Кинески клуб подготвен да плати 25 милиони евра годишно за Милер

Кинески клуб подготвен да плати 25 милиони евра годишно за Милер

Минхен, 18 јуни 2019 (/) – Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, доби понуда од кинески клуб, чие име не се открива, објави „Кикер“.

Според порталот, на 29-годишниот Германец му е понуден договор со плата од 25 милиони евра годишно.

Сепак, Милер нема намера да ја прифати примамливата понуда со објаснување дека тој е сѐ уште млад и премногу добар за Кина.

Милер целата своја досегашна професионална кариера, почнувајќи од 2008 година ја помина во Баерн Минхен. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Фофана ќе паузира шест седмици