Утрински Весник
Спорт

Кејхил може да го засили Арсенал

Кејхил може да го засили Арсенал

Лондон, 29 јуни 2019 (/) – Арсенал е многу заинтересиран за слободниот агент Гери Кејхил, кој неодамна се раздели со Челзи по долги години во клубот, објавија медиумите на Островот.

„Топџиите“ веруваат дека со своето богато искуство, дефанзивецот во голема мера може да му помогне на тимот за во иднина и планира да го доведе во своите редовите.

Интерес за него дефинитивно не недостасува и неговото име е поврзано со екипите на Вест Хем, Кристал Палас и Астон Вила.

Самиот Кејхил не се брза да донесе одлука за својата иднина, но се очекува да дознаеме за неколку дена за кој тим ќе потпише.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Фофана ќе паузира шест седмици