Утрински Весник
Спорт

Кер со измешани емоции по петтиот натпревар со Торонто

Кер со измешани емоции по петтиот натпревар со Торонто

Торонто, 11 јуни 2019 (/) – Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер ги сподели своите емоции откако победи (106:105) на петтиот натпревар од финалето на НБА со Торонто.

– Јас само му кажав на тимот дека не знам што да кажам. Од една страна, јас сум толку горд на нив за неверојатната посветеност и храброст што тие ја покажаа. Од друга страна, јас сум само уништен од повредата на Дурант. Сите сега имаме чудно чувство. Неверојатна победа и страшна загуба во исто време, рече Кер.

Во текот на натпреварот, напаѓачите Кевин Дурант се повреди. Американецот го напушти теренот во втората четвртина и не се врати до крајот. Најверојатно има повреда на Ахиловата тетива.

Шестиот натпревар ќе се игра ноќта меѓу четврток и петок на теренот на Голден стејт. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања