Утрински Весник
Спорт

Квери го исфрли Тим од „Вимблдон“, успешен старт за Кириос, Нишикори и Багдатис

Квери го исфрли Тим од „Вимблдон“, успешен старт за Кириос, Нишикори и Багдатис

Лондон, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Финалистот на „Ролан Гарос“, Доминик Тим беше елиминиран во првиот круг на „Вимблдон“. Австриецот, кој е петти носител на турнирот, загуби од Американецот Сем Квери со 6:7 (4), 7:6 (1), 6:3, 6:0. Квери ги освои последните 9 гема во мечот, откако реализираше вкупно 22 аса – 7 повеќе од Австриецот, кој по втор и вкупно трет пат отпаѓа во првиот круг на терените на „Ол Ингланд Клаб“. Полуфиналистот од 2017 година, Квери go чека во вториот круг Андреј Рубљов (Русија).

Австралиецот Ник Кириос исто се пласираше во вториот круг, откако го победи во пет сета сонародникот Џордан Томпсон. Кириос, кој и денес имаше шоуменски настапи, го совлада противникот со 7:6 (4), 3:6, 7:6 (10), 0:6, 6:1.

Осмиот во шемата, Јапонецот Кеј Нишикори не даде сет на бразилскиот квалификант Тиаго Монтеро – 6:4, 7:6 (3), 6:4, а бр.17 во шемата Матео Беретини (Италија) го надигра со 3:6, 6:3 , 6:2, 7:6 (3) Алјож Бедене (Словенија).

Маркос Багдатис (Кипар), кој веќе најави дека се откажува од професионалниот тенис по завршувањето на „Вимблдон“ го порази со 6:2, 6:4, 6:4 „среќниот губитник“ од квалификациите Брејдан Флекс (Канада).

Багдатис, полуфиналист од 2006 година, учествува со „вајлд карта“.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“

Атлетико Мадрид оди на продажба